Последните ноемвриски податоци покажуваат 88 отсто поголема вредност на градежните дозволи споредено со ноември 2009 година. Тоа укажува дека продолжува трендот за зголемување на работата во градежниот сектор, што и натаму претставува двигател на нашата економија во време на светска економска криза и нејзиното влијание во Македонија. Tоа е добро затоа што градежништвото им дава работа на уште 26 стопански гранки и на илјадници работници во земјава. Владата го поттикна тој тренд преку изградба на поголем број регионални и локални патишта, преку нивно реновирање, преку изградба на социјални станови за огромен број семејства и преку многу други проекти. Го поттикна тој дел во време на светска економска криза за да може оваа гранка, која повлекува уште 26 други, да продолжи соодветно да работи, да нема пад, дури и да има раст.
Последните ноемвриски податоци покажуваат 88 отсто поголема вредност на градежните дозволи споредено со ноември 2009 година.
„Тоа укажува дека продолжува трендот за зголемување на работата во градежниот сектор, што и натаму претставува двигател на нашата економија во време на светска економска криза и нејзиното влијание во Македонија“, смета премиерот Никола Груевски, оценувајќи оти тоа е добро затоа што градежништвото им дава работа на уште 26 стопански гранки и на илјадници работници во земјава.
„Владата го поттикна тој тренд преку изградба на поголем број регионални и локални патишта, преку нивно реновирање, преку изградба на социјални станови за огромен број семејства и преку многу други проекти. Го поттикна тој дел во време на светска економска криза за да може оваа гранка, која повлекува уште 26 други, да продолжи соодветно да работи, да нема пад, дури и да има раст. Практично, значи дека градежништвото го влече растот во овој турбулентен период поради светската економска криза“, појасни Груевски.
Во врска со изјавите на одредени експерти за неуставност на некои од одредбите во законот за дивоградбите, претседателот на Владата потенцира дека е нејасно како наводните експерти можат да го коментираат кога законот за дивоградбите се' уште не е излезен од Влада, а се очекува, најверојатно, деновиве да биде потпишан од него.
„Тој закон се' уште не сум го потпишал, најверојатно, деновиве ќе го направам тоа. Се разбира дека во него има измени по направените консултации и јавни расправи. По првичниот текст, министерот за транспорт и врски посети поголем број градови и оствари средби со повеќе засегнати граѓани од овој проблем, со цел да се слушне и нивното мислење и да може да се прифати. Прифативме многу од забелешките на засегнатите граѓани и видоизменетиот текст го прифативме“, рече Груевски.